ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Викендот започнува новата сезона од Првата лига

Викендот започнува новата сезона од Првата македонска фудбалска лига. 12 екипи ќе се натпреваруваат, две испаѓаат директно (12-то и 11-то место), додека пак две екипи ќе играат бараж за опстанок (10-то место и 9-то место).

Нови членови на Првата лига во новата сезона се екипите на Тиквеш, Брегалница и Скопје. Штипските „сини“ како шампиони во Втората лига – Исток обезбедија директно учество во елитата, а на таков начин учество во елитата обезбедија и „пиратите“ кои беа шампиони во Втората лига – Запад. Екипата на Тиквеш од Прва лига после 17 години стигна преку бараж дуелот со Силекс кој го доби на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје со минимални 1:0.

Минатата сезона Шкендија заврши на првото место, додека вицешампион беше Шкупи, а на третото место финишираше Струга Трим Лум која обезбеди деби на Европската сцена. Борбата за опстанок траеше до последната секунда, а од елитата си заминаа Беласица, Вардар и Силекс.

Распоредот и колата веќе се дефинирани.

Прво коло:

  • Академија Пандев – Струга Трим Лум
  • Брегалница – Шкупи
  • Македонија ЃП – Пелистер
  • Работнички – Борец
  • Ренова – Скопје
  • Тиквеш – Шкендија

Поврзани Наслови

Следен Наслов:
Close
Back to top button
error: Текстот е заштитен !!