ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Викендот стартува пролетната полусезона од Втората лига – Исток: Дерби натпревари во Кочани и Виница

Во сабота започнува пролетната полусезона од Втората лига – Исток со натпреварите од 17. коло.

Стартот на пролетниот дел ни носи два дерби натпревари, едниот во Кочани, другиот во Виница. Екипата на Осогово на „Никола Мантов“ ќе ја пречека Каменица Саса, додека Слога на Градскиот стадион во Виница ќе се соочи со Кит Го од Пехчево.

Тиквеш се враќа на реновираниот Градски стадион во Кавадарци каде ќе биде домаќин на последнопласираниот Росоман, додека лидерот Брегалница во Штип ја чека прилепска Победа.

Тешка задача ќе има радовишка Плачковица со гостување во Гевгелија против третопласираниот Кожуф.

Табелата пред стартот на пролетниот дел можете да ја погледнете ОВДЕ.

Сите натпревари ќе започнат во 14:00 часот и истите ќе бидат одиграни без присуство на публика, согласно мерките и протоколите за заштита од Ковид-19. Дел од натпреварите ќе бидат пренесувани во ЖИВО и на Спортска Мрежа, за што дополнително ќе известиме.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!