Европски ФудбалФудбал

Виеира се согласи да го преземе Кристал Палас

Патрик Виеира постигна усмен договор со челниците на Кристал Палас за преземање на тимот, пренесува „Скај Спорт“.

Сè уште ништо не е официјално потпишано, но фудбалската легенда се согласи да соработува бидејќи се согласи со условите што му беа понудени во клубот од Лондон.

Раководството на клубот се надеваше дека Лусиен Фавр ќе се предомисли и ќе се согласи да стане нивен менаџер, но бидејќи тоа не се случи, тие се свртеа кон сега веќе ангажираниот Виеира.

Клубот од „Селхрст Парк“ ќе мора да го промовира новиот менаџер најдоцна до следниот понеделник, кога тимот треба да се собере и да ги започне подготовките за новата сезона.

Виеира имаше исклучително успешна играчка кариера, тој беше капитен на Арсенал во неговото најславно време, кога три пати ја освоија Премиер лигата и четири ФА Купот.

Тој беше тренер на Њујорк Сити и Ница, а претходно работеше во школата за млади на Манчестер Сити.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!