(ВИДЕО) „Враништа 2022“: Враништа Б.З. и Д-р Баткоски во големото финале

Вечерва се одиграа полуфиналните натпревари на турнирот во мал фудбал „Враништа 2022“ кои донесоа голема возбуда и неизвесност, особено на вториот полуфинален меч каде гледавме и пенали.
Пред неколку стотици публика екипата на Д-р Баткоски со убедливи 1:3 (0:1) го збриша составот на Книжарница Клио и обезбеди пласман во големото финале.
Враништа Б.З. беше подобра од екипата на Искра во пенал рулетот (6:7) и закажа финале со екипата на Д-р Баткоски. Во регуларниот дел резултатот беше 1:1.

Големото финале на турнирот во мал фудбал „Враништа 2022“ е закажано за четврток (2. јуни) со почеток од 21:30 часот, каде силите ќе ги одмерат Враништа Б.З. и Д-р Баткоски.
По завршувањето на финалето и прогласувањето на победникот, како и доделувањето на наградите, по повод прзникот Св. Никола Талалеј, на шанкот на Младинската организација на Враништа ќе има забава со Стил Бенд и Татијана Стефановска.
Спортска Мрежа како единствен спортски сајт во Македонија, кој известува за Третата македонска фудбалска лига, како и за македонските турнири во мал фудбал беше медиумски покровител на турнирот во мал фудбал „Враништа 2022“!