ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

ВИДЕО: Воска Спорт жестоко распали по судиската арбитража: Ни поништија чист гол во Тетово

Воска Спорт вчера на гостувањето во Тетово одигра 1:1 против екипата на Тетекс и повторно има негатива од седум бодови во однос на директниот конкурент Силекс кој е на врвот на табелата во Втора лига – Запад.

Амбициозниот второлигаш денес преку соопштение и видео од спорниот момент реагира на судиската тројка на чело со Марјан Младеновски за чист поништен гол.

  • Целосното соопштение на ФК Воска Спорт:

„Поништениот гол вчера против Тетекс има име, Марјан Младеновски. Нашиот тим вчера во рамките на 18-то коло беше гостин на екипата на Тетекс во Тетово. Како по обичај, натпреварите против овој противник секогаш се тензични, а исто беше и вчера. За сето ова придонес имаше и главниот судија Марјан Младеновски заедно со неговите помошници Дарко Видиниќ и Виктор Здравев кои во одредени момент со избрзаните нивни одлуки му нанесоа штета на нашиот тим. Згора на тоа, оваа тројка во дополнителните минути од мечот (92 минута) зеде храброст да поништи чист гол на нашиот тим, под изговор дека стрелецот на голот, Алтин Љога бил во офсајд позиција. Од нашата видео снимка е јасно дека противничкиот играч на Тетекс во моментот кога Изаир Емини го изведе додавањето во правец на Љога е чекор понапред од нашиот играч, но на големо изненадување Младеновски по сигналот на неговиот помошник Видиниќ покажа офсајд позиција. Ние како екипа на ФК Воска Спорт остро протестираме за ваквата одлука на скопскиот судија, кој директно му наштети на нашиот тим на патот кон Првата лига. Два загубени бода од оваа средба може да не чинат многу, па затоа бараме од ФФМ да биде повнимателна со делегирањето на судиите, кога ќе ги земеме предвид сите овие инвестиции што ги направи претседателот на нашиот клуб, Нефи Усеини. Со судии како што во случајот е Младеновски, директно ги отстранувате спонзорите и оние кои сакаат да инвестираат во фудбалот, најомилениот спорт меѓу сите генерации кај нас и пошироко.“

  • Видео од спортниот момент на кој се жали ФК Воска Спорт:

НАЈДОБРИОТ ИЗБОР ЗА ПРОЗОРЦИ И ВРАТИ ОД ПВЦ ВО „OPEN STIL“ ВО ГОСТИВАР 070/814-428

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!