ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

(ВИДЕО) Воска со соoпштение по дербито: Хулигани на Гостивар го нападнаа нашето раководство!

Супер-дербито меѓу Гостивар и Воска Спорт заврши без победник (2:2) во рамки на 5. коло од Втората македонска фудбалска лига. Меѓутоа, по завршувањето на дербито дојде до скандал на трибините.

Според соопштението на второлигашот од Охрид, домашните навивачи го нападнале раководството на Воска Спорт.

  • Целосното соопштение на Воска Спорт:

„СКАНДАЛ. Хулигани на Гостивар го нападна раководството на Воска Спорт. Во рамките на 5. коло Воска Спорт му гостуваше на Гостивар, екипа која исто така е претендент за титулата. Имајќи ја предвид важноста на оваа средба, Воска Спорт, како и на секој натпревар, и денеска беше максимално подготвена за овој натпревар против Гостивар, чии челници на тимот заедно со дел од нивните навивачи хулигани покажаа многу ниска спортска култура. Се чини дека голот што го постигна Ардит Демири воопшто не им се допадна на челниците на Гостивар, кои само за да го исплашат нашиот тим и да стигнат до победа, наместо да ја покажат својата сила внатре во теренот, тоа го направија надвор од него, напаѓајќи го раководството на Воска Спорт. Ова навистина е еден скандалозен чин на челниците на Гостивар, особено кога истите тврдат дека Гостивар ќе го претвораат во европски клуб. За жал денешниот случај го покажува спротивното, бидејќи еден клуб што посакува да игра во Европа, за резутатите треба да се бори на зелениот терен, а не преку покажување на мускули, бидејќи и на тој начин не ја постигнаа нивната цел, да ја совладаат екипата на Воска Спорт. Фудбал се игра на зелениот терен драги гостиварчани, или пак вие што стоите позади овој клуб, а не на трибини каде местото им е на вистинските љубители на фудбалот, а не на хулигани кои ги плаќате да ве подржуват на фудбалски натпревари, оти вие вредноста на еден сериозен тим, или пак претендент за влез во Прва Лига, го изгубивте уште од пред неколку недели, кога бевте нападнати од вашите сопствени фанови преку социјалните мрежи“, стои во соопштението.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!