РакометРакомет - Суперлига

ВИДЕО: Во првото коло битолско дерби, Вардар одбраната на титулата ја започнува против Скопје

Денес во просториите на Ракометната федерација на Македонија беше направена ждрепката за новата сезона од Суперлигата. Сезоната почнува на 8. и 9. септември (среда / четврток), а дербито меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер се игра во 4. коло.

Прво коло:

Вардар 1961 – Скопје 2020
Радовиш – Струга
Охрид – Тиквеш 2014
Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер 2
Бутел Скопје – Прилеп
Металург – Пролет 62

Натпреварите во првиот регуларен дел се одигруваат по еднокружен бод систем (домаќин-гостин 2х11 кола) вкупно 22. кола. По завршувањето на 22-тото коло ќе се игра плеј-оф и плеј-аут, односно екипите пласирани од 1-во до 6-то место ќе ја формираат групата плеј-оф од 6 екипи, екипите со остварен пласман од 7-мо до 12-то место ќе ја формират групата плеј-аут.

Во плеј-оф екипите се натпреваруваат во еднокружен бод систем (домаќин-гости 2х5 кола) вкупно 10 кола до добивање конечен пласман во највисок степен на натпреварување, дополнително ракометните екипи пренесуваат бодови од првиот регуларен ден од одиграните 22 кола, по пронципот:
1-от пренесува 5 бодови
2-от пренесува 4 бодови
3-от пренесува 3 бодови
4-от пренесува 2 бодови
5-от пренесува 1 бод
6-от пренесува 0 бодови

Во плеј-аут групата, формирана од екипите од 7-мо до 12-то место, разигруваат по еднокружен бод систме (домаќин – гостин 2х5 кола) вкупно 10 кола за опстанок во Супер лигата, дополнително ракометните екипи пренесуваат бодови од првиот регуларен дел од одиграните 22 кола по принципот:
7-от пренесува 5 бодови
8-от пренесува 4 бодови
9-от пренесува 3 бодови
10-от пренесува 2 бодови
11-от пренесува 1 бод
12-от пренесува 0 бодови

По добивањето на конечниот пласман во плеј-аутот 1-от и 2-от остануваат во Супер лигата, 3-от игра бараж со 2-от од Прва лига за опстанок во највисок степен на натпреварување, 4-от, 5-от и 6-от преминуваат во Прва лига, а првиот од Прва лига влегува директно во Супер лига.

Сезона 2022/2023 Машката Супер лига ќе брои 10 ракометни екипи однсоно екипите со остварен пласман од 1-во до 8-мо место од сезона 2021/2022 и победникот од бараж натпреварот помеѓу 9-то пласираниот од Супер лига и 2-ро пласираниот од Прва лига од сезона 2021/2022 и победникот од Прва лига од сезона 2021/2022.

Поврзани Наслови

Следен Наслов:
Close
Back to top button
error: Текстот е заштитен !!