ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

(ВИДЕО) ВМЛФ-Исток: Победа славеше во Гевгелија, Кит Го го декласираше Детонит

Убедлива победа во 2. коло од Втората лига – Исток запиша Кит Го кој со 3:0 го декласираше Детонит. Интересно за овој натпревар е тоа што и двајцата тренери на двете екипи имаа свое деби. Трајче Сенев денес го предводеше Кит Го, откако претходно Емил Грнев спогодбено го раскина договорот со второлигашот од Пехчево, додека пак од друга страна Илија Сасански го замени Аце Стојанов кој се повлече од тренерското столче поради семејни причини. По десет минути игра Давид Вошески ја стресе на Андреј Ивановски за водство од 1:0. Пред крајот на првиот дел Ивановски капитулираше по втор пат, а сега стрелец на вториот погодок за Кит Го беше Леон Цуцковски. И во вториот дел Кит Го продолжи со одличната игра, а веќе во 65. минута резултатот беше зголемен на 3:0, откако по трет пат беше совлада Ивановски, стрелец на третиот гол за Кит Го беше Тони Мицковски Гостите од Радовиш преку Сердар Адемов намалија на 3:1. Конечните 4:1 ги постави Љупчо Јанкулов.

Победа со сигурни 0:2 славеше на гостувањето во Гевгелија кај Кожуф. Прилепчани продолжуваат со серијата успешни резултати во Втората лига – Исток. Во 26. минута Трајче Ников заработи директен црвен картон, по што домаќинот остана без играч помалку на теренот, а само три минути Бојан Спиркоски успешно реализираше пенал за водство на Победа од 0:1.

Во вториот дел Победа продолжи со одличната игра и веќе во 59. минута водството се зголеми на 0:2, откако Давид Јошески постигна гол за 0:2. Во продолжението од натпреварот притисокот на Победа беше голем, а се редеа и неколку големи шанси кои прилепчани не ги реализираа.

Слога Виница со минимални 1:0 го доби дербито со Осогово на домашен терен. Единствениот гол падна во 71. минута, а стрелец на погодокот беше Иван Митров.

Братство го запиша првиот исторски бод во Втората лига, откако на „Могила“ одигра 1:1 против фаворитот Беласица. Струмичките фудбалери имаа водство од 39. минута, откако Александар Коцев успешно реализираше од пенал. Во вториот дел, во 69. минута новото засилување Еркан Шаип погоди за 1:1.

Саса на домашен терен со минимални 1:0 славеше над Локомотива од Градско. Стрелец на единствениот гол беше Дејан Ангов, постигнат во 43. минута од натпреварот.

ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ВТОРАТА ЛИГА – ИСТОК ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ

Поврзани Наслови

Следен Наслов:
Close
Back to top button
error: Текстот е заштитен !!