ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

(ВИДЕО) ВМФЛ – Запад: Силекс прволигаш, Воска слави за баражот, Вардар второлигаш, Кораб третолигаш

Вардар и следната сезона останува второлигаш, откако Воска Спорт одигра 1:1 во Кратово кај новиот прволигаш Силекс. Охриѓани ќе играат бараж за историско учество во Прва лига.

Екипата на Кораб отпадна и од следна сезона ќе игра во Трета лига – Запад, со што Охрид избори опстанок во второлигашкото друштво за следна сезона.

Силекс по само една сезона помината во Втора лига – Запад, експресно се врати во прволигашкото друштво.

  • ФОТО-ГАЛЕРИЈА ОД ПРОСЛАВАТА ВО КРАТОВО:

Во Кратово дербито меѓу Силекс и Воска Спорт заврши без победник (1:1). За домаќинот стрелаше Ѓорги Танушев, а пак за гостите Ристе Илијовски.

  • Газдата Нефи Усеини леташе во воздух по историското второ место и баражот за Прва лига:

Беса со 7:2 го „уништи“ Кадино кој од следната сезона ќе игра во Трета лига – Север. За домаќинот двојни стрелци беа Аљбин Рамадани и Муас Деимир, а по еден гол постигнаа Лутфи Биљали, Димитар Иванов и Флорент Османи. За Кадино погодоците ги постигнаа Далибор Николовски и Давид Ристовски.

Охрид со двата погодоци на Роберт Митев славеше над Тетекс од Тетово и со тоа го обезбеди опстанокот во Втора лига за следната сезона.

Вардар славеше со 1:2 во Дебар кај новиот третолигаш Кораб. За „вардарци“ стрелаа Давид Велковски и Филип Петковски во првиот дел, а конечниот резултат го постави Еркан Шаип во вториот дел од мечот.

Гостивар преку пресверт (1:2) славеше кај Велешта која од следната сезона ќе игра во Трета лига – Југозапад. Домаќините преку Ерион Узеири го отворија резултат за водство од 1:0, а до крајот на првиот дел Имран Фетаи и Лазар Пеев ги поставија конечните 1:2.

Второлигашкото друштво од Запад го напушаат Кадино (Трета лига – Север), Велешта (Трета лига – Југозапад) и Кораб (Трета лига – Запад).

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!