ЕУРО 2020Фудбал

ВИДЕО: „Вембли“ се „тресе“, Англичаните слават против Германија!

Фудбалските репрезентации на Англија и Германија го одиграа натпреварот од осминафиналето на ЕП 2020 на легендарниот „Вембли“, вистинска фудбалска класика, која по 90 минути им припадна на Англичаните, кои славеа со 2:0.

Отворен натпревар во Лондон се гледаше од првата минута, ниту германскиот, ниту англискиот селектор не калкулираа и веднаш тргнаа кон голот, особено Англичаните, кои имаа мала доминација.

Беа запишани неколку добри шанси, а треба да се издвои посебната на Тимо Вернер кога излезе сам пред голманот на Англија, но Пикфорд реагираше одлично.

Англичаните имаа голема шанса во финишот на првиот дел.

Прво, Рахим Стерлинг направи соло продор, германската одбрана го запре на работ од казнениот простор, а топката дојде до Хари Кејн, сепак, Матс Хумелс ја изби топката во последен момент.

Второто полувреме донесе повторно отворена игра и кај двата тима.

Германците први се заканија во првите минути од второто полувреме, одличен удар упати Хаверц, но Пикфорд интервенираше уште подобро и ја извади топката од под гредата.

Конечно мрежата се затресе во 75. минута од средбата.

Одличната топка на Лук Шоу заврши пред нозете на Стерлинг, кој рутински ја смести во мрежата за 1:0 и големо славје на трибините на „Вембли“.

И тогаш во 86-та минута Кејн го искористи добриот центаршут на Џек Грелиш и погоди за конечни 2-0.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!