ЕУРО 2020Фудбал

ВИДЕО: Велс со победа над Турција која останува без шанси за осминафинале

Велс ја запиша првата победа на Европското првенство, откако денес со 0:2 славеше над Турција која останува речиси без шанси за осминафинале.

Ремзи во 42. минута го отвори резултатот и донесе водство за Велс. Во 61. минута од натпреварот Герет Бејл промаши пенал, со што Турција остана во игра за реми или победа.

Конечните 0:2 ги постави Робертс по асистенција на Бејл во 95. миунта од натпреварот.

Избраниците на Шенол Ѓунеш се последни на табелата без постигнат гол, додека Велс се искачи на врвот во групата А.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!