РакометРакомет - Суперлига

ВИДЕО: Вардар преживеа во пеколот во Битола и се врати непоразен од големото дерби со Еурофарм Пелистер

Најголемите ракометни ривали Еурофарм Пелистер и Вардар 1961 ги одмерија силите во „Боро Чурлевски“ во Битола во рамки на 15. коло од домашниот шампионат во нивното второ соочување сезонава кое заврши без победник (27:27).

Трибините во битолската сала беа полни, а на трибините беа и двете навивачки групи „Чкембари“ и „Комити“ што предизвика вистински спектакл во „Боро Чурлевски“.

Актуелниот првак имаше предност од пет гола и го диктираше темпото на играта, имаше контрола над самата игра, но на крај со пеналот на Дибиров се спаси од пораз и извлече бод од големото дерби во Битола.

Двете екипи со по 40 бодови ја делат првата позиција на табелата.

На полувремето во салата „Боро Чурлевски“ на паркетот беа фрлени плишани играчки наменети за дечињата од ранливите категории. Со оваа се исполни барањето на Еурофарм Пелистер кој пред натпреварот побара да се направи овој голем гест пред новогодишните и божиќните празници за дечињата од ранливите категории.

ФОТО: Пеце Стефановски | Спортска Мрежа
ФОТО: Пеце Стефановски | Спортска Мрежа

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!