ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

ВИДЕО: Вардар Неготино ништо не го запира, Росоман го прегази Возарци ДМД, по три бода за Превалец и Ново Црнилиште

Питу Гули со убедливи 1:3 триумфираше над Бучин и запиша нов триумф во рамки на 11. коло од Третата фудбалска лига – Југозапад. Домаќинот прв дојде до водство со голот на Мартин Стрезовски уште во 9. минута, но радоста траеше кратко откако Благојче Стојаноски во 18. минута погоди за 1:1. Мечот влезе во супер возбудлива неизвесност до самиот финиш, откако Ѓорѓи Стрезовски во 81. минута ја стресе противничката мрежа за водство од 1:2 за гостите од Крушево, а само седум минути подоцна Давид Атанасоски ги постави конечните 1:3.

Вардар од Неготино ништо не го запира на патот кон Втора лига, откако на гостувањето во Лажани со убедливи 0:3 го декласираше составот на Слога 1976.

Победата на неготинци беше најавена уште во првиот дел откако Петар Ристовски и Дане Митрев погодија за 0:2 на полувреме. Во вториот дел Горан Соколов во 65. минута ги постави конечните 0:3.

Превалец со 1:5 го прегази Динамо на теренот со вештачка трева во Прилеп. Второпласираната екипа која прави силен притисок кон непоразениот лидер Вардар Неготино до триумфот стигна со погодоците на Пеце Стојанов, Александар Крстевски, Трајче Ѓорѓиевски, Ангелче Стојчевски и Бране Петровски. За домаќинот единствениот погодок го постигна Мартин Мечев во 75. минута, кој од слободен удар постигна атрактивен гол.

Атрактивниот гол на Мечев од слободен удар

Росоман на крилата на Илија Ристески го декласираше новиот третолигаш Возарци ДМД со убедливи 3:7 на гостински терен. Првиот дел заврши доста неизвесно со тесен резултат од 2:3 во полза на гостите од Росоман.

ФОТО: Galacticos Production

За домашната екипа стрелаа Сашко Димов, Армен Мемедов, а пак Блажо Трпевски си постигна автогол, за гостите хет-трик постигна Илиај Ристески, двоен стрелец беше Игор Ѓорѓиев, а по еден гол постигнаа Емануел Елмазов, Стеван Менковиќ.

ФОТО: Galacticos Production

Големо Коњари со 2:1 го доби дуелот до Марена преку пресврт. Гостите уште во 5. минута преку Борис Михов дојдоа до водство од 0:1 кое траеше до 80 минута, кога Петар Петроски израмни на 1:1, а само две минути подоцна Бојан Касниоски стралеше за пресврт и три бодови.

ПРИЈАВИ СЕ НА НАЈГОЛЕМИОТ ГОЛМАНСКИ КАМП НА БАЛКАНОТ – „РБ Охрид 2022“

Ново Црнилиште на домашен терен со убедливи 4:0 го декласираше Младост 1930 од Кривогаштани. Првиот дел од мечот заврши со минимална предност од 1:0 за домаќинот со голот на Буџахудин Сулејмани, а во вториот дел погодоија Мустафа Селманоски, Хабилј Ибраими и Ерџан Ибраимоски за конечните 4:0.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!