ВИДЕО: Успешно заврши најголемиот голмански камп на Балканот – „РБ Охрид 2022“

Најголемиот и најдобро организираниот голмански камп на Балканот – „РБ Охрид 2022“ заврши успешно. Пет дена професионални двојни тренинг сесии покрај езерото, беа големо искуство за сите учесници на кампот од цел Балкан.
Голманскиот камп „РБ Охрид 2022“ и годинава беше поддржан и од спортскиот портал Спортска Мрежа, за што добивме и Признание за несебичен ангажман во организацијата на најголемиот и најорганизираниот „РБ голмански камп“ на Балканот.

Традиционално како и во претходните години, интересот за учество на голманскиот камп беше огромен, а учесниците дома заминуваат полни со искуство, совети и убави спомени од прекрасниот Охрид.
Како спортски портал се надеваме дека традицијата на „голманскиот камп РБ“ ќе продолжи и следната година, бидејќи е едно големо искуство за секој што бил дел од истиот.
Кампот се одржа од 30 јуни од 5 јули, а тренинг сесиите беа реализирани на Спортскиот центар „Билјанини извори“ во Охрид.
Се гледаме следната сезона повторно во Охрид!
Погледнете како беше на кампот сите пет дена: