Европски ФудбалЕУРО 2020

ВИДЕО: Украина со гол во 121. минута обезбеди четвртфинале против Англија

Селекциите на Шведска и Украина го одиграа последниот натпревар од осминафиналето на Европското првенство вечерва на „Хемпдон парк“ во Глазгов, а Украина го освои патот до четвртфиналето и до Англија. Артем Довбик беше играч на одлука, бидејќи погоди во 121-та минута и ги постави конечните 1:2.

Во поголемиот дел од првото полувреме доминираше Шведска, која од првата минута беше тим со поголем посед на топка, додека Украинците се фокусираа на контранапади. Токму од еден од нив поведоа во 27-та минута.

После брз контранапад, Украинците се приближија до голот на Шведска, Јармоленко од десното крило ја испрати топката во шеснаесетникот, а Зинченко најдобро се снајде на втората статива и погоди за 0:1.

Швеѓаните продолжија да го напаѓаат голот на Украинците, а таквата игра конечно се исплатеше во 43-та минута. По испратената топка од Исак, искусниот Форсберг заврши одлична работа, шутираше силно, топката фати некого на патот кон голот и заврши во мрежата на Украина за 1:1 по првите 45 минути .

Во следните неколку минути беа погодени стативите и на двете страни.

Најпрво Сидорјук ја погоди левата статива на Робин Олсен во 54-та минута од околу 15 метри, а во 57-тата минута од средбата Форсберг возврати со погодок во стативата. Како стативата да не беше доволена, па одличниот Форсберг ја погоди гредата на голот на Украина во 68. минута од околу 17 метри.

Потоа следуваше затишје и продолжување. Најголемата возбуда во продолженијата беше исклучувањето на Даниелсон (во 101-та минута по остриот старт, а тие 30 минути не донесоа никакви шанси.

И кога се очекуваа пенали, се појави Довбик со глава го матира Олсон за историски 2-1 и четвртфиналет за Украина.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!