ВИДЕО: Убедливи победи за Росоман и Превалец, Обршани го изненади Вардар среде Неготино

Росоман останува непоразен лидер во Трета лига – Југ, откако на домашен терен со убедливи 3:0 го декаласираше Питу Гули. Натпреварот беше решен во вториот дел со погодоците на Илија Ристески, Бојан Миланов и Марко Миловановиќ.
НАЈДОБРИОТ ИЗБОР ЗА ПРОЗОРЦИ И ВРАТИ ОД ПВЦ ВО „OPEN STIL“ ВО ГОСТИВАР 070/814-428
Превалец на крилата на Кристијан Маневски ја прегази Марена со убедливи 4:1. Маневски постигна хет-три, а во финишот стралаше и Бобан Атанасовски. За гостите погоди Берхан Мемедов.
Големо Коњари обезбеди три бода на гостувањето кај новиот третолигаш Возарци ДМД каде беше подобар со 0:2. Првиот гол беше дело на голгетерот Зоран Мирчевски, а во вториот дел погоди Бојан Касниоски.

Вардар за првпат во новата сезона се врати на домашниот терен во Неготино, но ги разочара фановите откако одигра само 0:0 против Обршани.
ВАШАТА РЕКЛАМА НА СПОРТСКА МРЕЖА – КОНТАКТ: 074 / 241 – 247
Бучин на домашен терен во меч со многу голови го доби Младост 1930 од Кривогаштани со резултат 6:5. Двојни стрелци за домашните беа Златко Шошеск и Христијан Димовски, а по еден погодок постигнаа Ѓорѓија Мургоски и Ален Паунов. За гостите хет-три постигна Дарко Чапкуноски, а два пати стрелаше Хоки Тодороски.