ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

ВИДЕО: Убедлив пораз на Шкупи од Лех Познањ

Есенскиот првак во Прват македонска фудбалска лига, екипата на Шкупи доживеа убедлив пораз од 4:1 од Лех Познањ на првиот контролен натпревар одигран во Анталија.

>>> ПРОМО ЦЕНА 900 ДЕНАРИ НОЌЕВАЊЕ ЗА ТРОЈЦА ВО ОХРИД, РЕЗЕРВИРАЈТЕ НА КОТВА.МК <<<

Квекешкири во 34. минута го отвори резултатот за водство на Лех Познањ, а четири минути подоцна Милиќ ја дуплираше предноста на полувреме за неговата екипа.

  • Видео од целиот натпревар Лех Познањ – Шкупи:

Стартот од второто полувреме донесе водство од 3:0 за Лех Познањ, а стрелец на третиот погодок беше Марчвински. Македонскиот прволигаш преку Марјан Радески во 69. минута успеа да намали на 3:1, а до крајот на натпреварот Шекала ги постави конечните 4:1.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!