Европски ФудбалФудбал

ВИДЕО: Тухел го доби Пеп, Челзи е нов првак на Европа!

Екипата на Челзи го доби големото англиско финале од Лигата на шампионите, откако славеше над Манчестер Сити со минимални 0:1.

Томас Тухел го надмудри потрофејниот и поискусниот Пеп Гвардиола и му донесе втора титула на Челзи од елитното натпреварување. Германскиот стратег на „Стемфорд Бриџ“ дојде на полусезона, како замена на клупската легенда Френк Лампард.

Стрелец на единствениот победнички гол беше Хаверц во 42. минута. Сити се обидуваше до крајот на натпреварот да се врати во игра и имаше неколку зрели шанси, меѓутоа мрежата на Челзи мируваше, па резултатот од 42. минута стана конечен.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!