ФудбалФутсал

ВИДЕО: Црешово Топче убедливо поразен од Клими, Форца е пресилна за Конзули

Синоќа со два натпревари беше комплетирано 21. коло од Втората футсал лига на Македонија. Во Пробиштип во меч со 14 погодоци екипата на Клими беше убедлива против домаќинот Црешово Топче со резултат 4:10.

Revolution Development е софтверска компанија посветена на развој на врвни решенија за бизниси

Првиот дел од мечот помина со силен отпор на домаќините, кој во вториот дел беше струшен за тотална доминација на гостите од Кавадарци.

  • ЦЕЛИОТ МЕЧ – ЦРЕШОВО ТОПЧЕ – КЛИМИ:

За Црешово Топче стрелци на четирите погодоци беа Глигорче Јакимов, Марио Атанасовски, Горан Горгиев и Дарко Мирков.

За гостите од Кавадрци по два погодоци постигнаа Мартин Никовиќ, Виктор Аризанов и Филип Грујоски, а по еден гол постигнаа Стефан Грујески, Димитар Чоков, Тошко Велков и Марјан Манев.

ЗА СИТЕ ГОЛМАНИ НА ВОЗРАСТ ОД 7 ДО 19 ГОДИНИ – ПРИЈАВИ СЕ НА НАЈГОЛЕМИОТ ГОЛМАНСКИ КАМП НА БАЛКАНОТ – „РБ Охрид 2022“

Убедлива и сигурна победа однесе и Форца која со 4:1 беше пресилна за Конзули. Екипата на Форца со овој триумф го потврди билетот за Прва лига.

Домашните тим победата ја најави во првиот дел, откако на полувреме имаше водство од 3:0 со погодоците на Бесим Мустафи, Стефан Тренфадиловски и Ергин Шерифи. На стартот од вториот дел Шерифи со втор гол зголеми на убедливи 4:0, а конечните 4:1 ги постави Алмир Бајрами.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!