ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА
(ВИДЕО) Тиквеш реагира: Првиот гол на Силекс е постигнат од нерегуларна позиција

Тиквеш денес загуби од Силекс со 0:2 во меч од 17. коло од Првата македонска фудбалска лига. По завршувањето на мечот, Тиквеш реагира за првиот гол на Силекс, за којшто велат дека е постигнат од нерегуларна позиција.
Првиот гол беше постигнат во 72. минута кога Филип Обадовиќ ја погоди мрежата на Тиквеш за водство од 0:1. Но, како што велат од Тиквеш голот е нерегуларен, бидејќи има офсајд.
Како што дознаваме Тиквеш утре ќе излезе со свое соопштение за спорниот момент, односно за голот, за кој како што велат е нерегуларен.

Во прилог видеото од спорниот гол односно спорниот момент при постигнувањето на голот со кој се отвори резултатот во Кавадарци.