ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

(ВИДЕО) Тиквеш: Нашиот клуб во Ѓорче беше драстично оштетен од судиската тројка

Тиквеш со минимален пораз од 1:0 од Македонија Ѓорче Петров ја стартува пролетната полусезона од Првата македонска фудбалска лига.

По завршувањето на натпреварот кавадаречкиот прволигаш преку соопшение и видео се жали на судењето на судиската тројка на чело со Димитар Пилешков и неговите помошници Дејан Костадинов и Гоце Петрески.

  • Целосното сооптешние на ГФК Тиквеш:

„Катастрофално судење на судиската тројка на денешниот натпревар. Натпреварот кој се одигра денес на стадионот во Ѓорче Петров, нашиот клуб е драстично оштетен од страна на судиската тројка на чело со Пилешков и неговите помошници Костадинов и Петрески. Во 53-та минута од натпреварот нашиот фудбалер Наумчески Стефан добива директен црвен картон за бизарна причина и тоа спречување акција кон голот, но на снимката која што е во прилог на овој статус јасно се гледа дека нашиот фудбалер не само што ја „удира“ топката и е 2 метра надвор од опасниот простор.

На оваа одлука главниот судија досудува фаул и вади жолт картон, но меѓутоа првиот помошен судија по директна сугестија му кажува дека треба да додели директен црвен картон. Да напоменеме дека помошните судии на денешниот натпревар не само што доаѓаат од Скопје, живеат во истата населба каде што се одигра и натпреварот. Тие исти судии можеме да ги гледаме и на официјални УЕФА натпревари каде што ја претставуваат пред се ФФМ но и Македонија.

Не само оваа одлука, на денешниот натпревар ние бевме во многу наврати оштетени од судиската тројка. И на крај сакаме да прашаме зошто денешниот натпревар кој што беше најавен пренос на ТВ ФФМ не беше во целост пренесуван и на моменти беше во прекин поради „Технички проблеми“? И покрај се, ГФК ТИКВЕШ нема да се откаже од својата работа, а тоа е опстанок во Првата МФЛ и ќе се бори до крај со овие неправди!“, се ве вели во соопштението на прволигашот од Кавадарци.

  • Видео од спорниот момент:

>>> СО КОТВА.МК ДО ПОВЕЌЕ ГОСТИ ВО ВАШИТЕ АПАРТМАНИ / ВАШИОТ РЕСТОРАН <<<

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!