ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА
ВИДЕО: Тетекс ги започна подготовките за пролетната полусезона

Второлигашот Тетекс од Тетово ги започна подготовките за пролетната полусезона во Втората лига – Запад. Тетекс првиот дел од подготовките ќе ги одработи во Тетово, а за вториот дел ќе се „сели“ во Охрид, каде ќе остане десеттина дена и ќе се одиграат неколку контролни натпревари.
Тетекс за пролетната полусезона ќе има цел да заврши на средината од табелата и на тој начин да има сигурен опстанок во второлигашкото друштво.
Тетекс есенскиот дел од сезоната го заврши на осмото место на табелата, со 13 бодови, и во пролетната полусезона ќе води борба за сигурен опстанок.