ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

ВИДЕО: Теренот во Радовиш „плива“ во вода: Одложен мечот меѓу Детонит и Осогово

Нема услови за игра на Градскиот стадион во Радовиш поради обилни врнежи од дожд – стадионот е полн со вода, па мечот меѓу Детонит и Осогово е одложен.

Неофицијално натпреварот треба да се одигра во вторник. Претходно, како што објави Спортска Мрежа одложен е и дуелот меѓу Гостивар и Тетекс бидејќи Градскиот стадион во Гостивар е затрупан со снежни наноси.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!