Европски ФудбалФудбал

(ВИДЕО) Таткото на Димитриевски: Со Столе долго разговаравме по големата победа над Реал Мадрид!

Во понеделникот се случи сензација во Шпанија, откако Рајо Ваљекано и македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски први му ја симнаа круната на „кралот“ по победата од 3:2 над Реал Мадрид, со што шампионот на Шпанија го запиша првиот сезонски пораз.

Нашиот Столе доби многу пофалби и честитки по големата победа на Рајо.

Големата победа предизвика голема радост и воодушевување и во домот на Столе Димитриевски во Куманово, а во разговор за „Опен ТВ“, таткото на Столе, Марјан Димитриевски вели дека со Столе се слушале пред и по секој натпревар, тоа им било редовна рутина, а по големата победа над Реал Мадрид, меч кој ќе остане за паметење секогаш, долго разговарале.

Во прилог целиот разговор на Марјан Димитриевски за порталот „Опен ТВ“:

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!