ЕУРО 2020Фудбал

ВИДЕО: Швајцарија го исфрли светскиот првак Франција од ЕП!

Репрезентацијата на Швајцарија направи вистинска сензација во осминафинале на Европското првенство, откако успеа да го емилинира Светскиот првак Франција по изведување на пенал рулетот. Трагичар на натпреварот е Килијан Мбапе кој последен изведуваше пенал, а неговиот удар беше одбранет.

Харис Сеферовиќ во 15. минута донесе водство за Швајцарија, откако со глава го совлада Хуго Лорис. Рикардо Родригез може да стави точка на натпреварот во 55. минута, меѓутоа Лорис го одбрани пеналот, а само две минути подоцна Карим Бензема погоди за Франција и донесе 1:1. Во 59. минута играчот на Реал Мадрид постигна уште еден гол и донесе водство за Франција од 2:1.

Погба во 75. минута ја стресе мрежата на Швајцарија по трет пат со што сите очекуваа дека Франција веќе е во четвртфиналето. Но… најпрво Сеферовиќ со втор гол во 81. минута намали на 3:2, а во 90. минута Марио Гаврановиќ ги замрзна навивачите на Франција на стадионот. По што натпреварот замина во продолженија.

Во пенал-рулетот трагичар беше играчот на ПСЖ, Килијан Мбапе откако неговиот удар од пеналот беше одбранет.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!