ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

ВИДЕО: Струга Трим Љум ремизираше со Гњилане во меч со шест гола

Македонскиот прволигаш Струга Трим Љум со реми ги започна контролните натпревари на подговките за пролетната полусезона, откако денес во меч со шест гола одигра 3:3 со косовски Гњилане.

Интересен и возбудлив меч во кој стружани останаа без победа во самиот финиш од натпреварот. Резултатот беше отворен рано, односно во 5. минута со голот на Таири со кој Струга поведе, а противникот од Косово во 40. минута преку Бушиќ израмни на 1:1.

Во вториот дел Гњилане го сврте резултат на 1:2 со гол на Проњи, а потоа Цветаноски и Скендери ја погодија противничката мрежа за нов пресврт овој пат во полза на Струга од 3:2. Во 90. минута Проњи го постигна својот втор гол на натпреварот за конечни 3:3.

Струга се подготвува во Драч, Албанија, а македонскиот прволигаш ќе одигра уште неколку контролни натпревари пред да се врати во Македонија.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!