ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

(ВИДЕО) „Стоп за репресиите кон нас“, вака Црно Буки го стартуваше вчерашниот натпревар со Влазними

Третолигашот Црно Буки вчерашниот натпревар со Влазними го доби со 5:3, во рамки на вонредното 16. коло од Третата лига – Југозапад. Но, натпреварот започна поинаку од вообичаено. Откако судијата означи старт на натпреварот, фудбалерите седнаа на фудбалскиот терен една минута, во знак на револт за неправдите кои ги трпеле.

„Револт за неправдите кои ги трпиме. Оставете нè да играме фудбал. Стоп за репресиите кон нас“, напишаа од клубот на нивната официјална фејсбук страница.

Револтот доаѓа најмногу после натпреварот со Кравари одигран во рамки на 15. коло, каде Црно Буки загуби со 3:2 за што претседателот на Црно Буки, Кошички Тодорче јавно на социјалните мрежи излезе со револт за судењето.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!