ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

(ВИДЕО) ССК Нова со важен триумф над Аеродром

ССК Нова продолжува со одлични резултати во Третата лига – Север, откако во Пржино со минимални 1:0 славеше над Аеродром во рамки на 19. коло.

Единствениот гол на натпреварот падна во 17. минута, откако судијата Младеновски покажа на белата точка, а одговорноста ја презеде Атанасов Никола и успешно реализираше. До крајот на натпреварот ССК Нова мудро го чуваше резултатот, па трите бодови останаа дома.

ССК Нова стигна до шестиот триумф во сезоната и се искачи на 11-тото место на табелата, додека Аеродром сега падна на 13-тата позиција со 16 бодови.

>> ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ТРЕТАТА ЛИГА – СЕВЕР ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ <<

Колото ќе биде комплетирано утре кога ќе бидат комплетирани останатите шест натпревари кои ќе стартуваат во 16:00 часот.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!