Куп на МакедонијаФудбал

(ВИДЕО) Срам за мак-фудбалот, нереди на „Чаир“: Навивачите влетаа на теренот и се тепаат со фудбалерите!

Големото дерби од Купот меѓу Шкупи и Шкендија повторно го покажа срамот на македонскиот фудбал. Големата дерби пресметка во моментот е во прекин и прашање е дали ќе продолжи, откако Шкендија постигна гол за водство од 0:1 на „Чаир“, по што навивачите влетаа на теренот и се случи вистински хаос.

Летаа факли, пиротехника, но „летаа“ и боксови меѓу навивачите и фудбалерите со што навистина се предизвика тотален хаос, на што интервенираше и полицијата.

Како што кажавме натпреварот е во прекин и фудбалерите на Шкендија во моментот не се на теренот, а прашање е дали воопшто и ќе продолжи натпреварот.

Колку за потсетување, Шкендија повеќе уште во деветтата минута од мечот, а тоа ги „запали“ домашните навивачи.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!