ФудбалФутсал

ВИДЕО: Спасовски и Ивановски ја искинаа мрежата во Пробиштип – Кеги Моби убедлив против Црешово Топче

Вечерва во Пробиштип конечно беше комплетирано 12. коло од Втората футсал лига на Македонија.

Кеги Моби со убедлиф триумф од 3:8 над Црешово Топче ја оправда улогата на фаворит и продолжува да ита кон пласман во Прва лига.

Домаќините кои настапија без неколку стандардни играчи имаа сили да пружат отпор само во првиот дел кога резултатот на полувреме беше 1:1. Резултатот го отвори Кирил Ивановски во 10. минута од мечот, а две минути подоцна Давид Манев постигна погодок за 1:1.

  • ПРВО ПОЛУВРЕМЕ: Црешово Топче – Кеги Моби:

Во вториот дел Кеги Моби ги превзема работите во свои раце и не дозволи изненадување. Ивановски постигна уште два погодоци во вториот дел за хет-трик, Жарко Спасовски постигна дури четири погодоци со што беше најефикасен на средбата, а еден погодок беше дело на Бобан Давчевски. Кај домашните Манев беше двоен стрелец, а погодок постигна и Илија Пенчовски.

  • ВТОРО ПОЛУВРЕМЕ: Црешово Топче – Кеги Моби:

Во следното коло Кеги Моби ќе биде домаќин на СФК Проект, додека пак Црешово Топче ќе има тешко гостување во Штип кај Астибо.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!