Европски ФудбалФудбал

ВИДЕО: Спалети одби да се ракува, Руи Виториа со интересна реакција

Тренерот на Наполи, Лучијано Спалети не сакаше да се ракува со својот колега од клупата на Спартак, Руи Виториа по поразот во Москва.

Во петтото коло од Лига Европа, Русите го совладаа лидерот во Серија А со резултат 2:1 и се израмнија со избраниците на Спалети на врвот во групата Ц.

„Зошто не се ракував ? Затоа што не ме поздрави пред натпреварот. Кога ќе ги видите гостите, треба веднаш да ги поздравите, а не на крајот на играта, по поразот“, рече Спалети и продолжи:

„Бевме на десет метри, не ме поздрави. Во такви ситуации секогаш одам кај тренерот на противникот и се ракувам“.

Спартак и Наполи имаат по седум бода пред крајот на групната фаза, Легија шест, а Лестер пет. Англичаните во четврток ја пречекуваат Легија.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!