ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА
ВИДЕО: Снежен тренинг на Осогово, подготовките засилено продолжуваат

Второлигашот Осогово на Градскиот стадион „Никола Мантов“ во Кочани тренираше во снежни услови. Снегот не е пречка за „жетварите“ засилено да ги продолжат подготовките за пролетната полусезона.
Осогово одигра солидна полусезона во Втората лига – Исток, есенскиот дел го заврши на седмото место на табелата со 19 бодови. Пролетниот дел Осогово ќе го отвори со дерби на домашен терен против Каменица Саса.