РакометРакомет - Суперлига

ВИДЕО: Скопје со прв триумф во Суперлигата, Радовиш продолжува да тоне!

Дебитантот во ракометната Суперлига Скопје 2020 вечерва на домашен терен со 27:23 ја совлада екипата на Радовиш и ја забележа првата сезонска победа.

ЦЕЛИОТ НАТПРЕВАР СКОПЈЕ 2020 – РАДОВИШ:

Во првиот дел од натпреварот радовишани имаа гол предност (11:12), а во вториот дел домашните ракометари пополека започнаа да се одлепуваат резултатски. Во финишот од мечот кога гостите од Радовиш се обидоа да се вратат резултатски и дојдоа до негатива од само еден гол, Скопје 2020 не дозволи изненадување и на крај разлика од +4 за конечните 27:23.

Скопје 2020 за прв пат го напушти дното од табелата, сега има три бодови како и Радовиш.

Александар Василевски со десет погодоци беше најдобар стрелец за Скопје 2020, а кај радовишани најдобар беше Здравко Постолов со седум голови.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!