Европски ФудбалФудбал

ВИДЕО: Сити му врати на ПСЖ, Милан ги враќа надежите за ЛШ!

Манчестер Сити преку пресверт со 2:1 триумфираше над Пари Сен Жермен и му врати за поразот во Париз.

„Граѓаните“ имаат негатива откако во 50. минута Мбапе погоди за водство за гостите од Франција (0:1), а потоа Сити преку Рахим Стерлинг најпрво израмнија на 1:1, а Габриел Жесус ги постави конечните 2:1.

Милан со минимални 0:1 го совлада Атлетико Мадрид на „Ванда Метрополитано“ со голот на Жуниор Месијас во финишот од натпреварот. Ваквиот резултат ќе донесе „финале“ во последното коло бидејќи Милан, Атлетико и Порто ќе се борат за нокаут фазата во ЛШ.

Реал Мадрид со убедливи 0:3 го совладаа Шериф Тираспол и не дозволија ново изнендување. „Кралевите“ триумфот го обезбедија со погодоците на Давид Алаба, Тони Корос и Карим Бензема. Македонскиот репрезентативец Бобан Николов одигра 30-тина минути.

Ливерпул со 2:0 го победи Порто на „Енфилд“ со погодоците на Тијаго Алкантра и Мохамед Салах.

Лајпциг со убедливи 0:5 го „тресна“ Клуб Бриж во Беглија, додека пак Спортинг со убедливи 3:1 славеше над Боруија Дортмунд.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!