ЕУРО 2020Фудбал

ВИДЕО: Шпанија само до реми, Полска до прв бод на ЕП

Шпанија уште еднаш разочара откако одигра реми (1:1) со Полска во второто коло од Европското првенство, во меч кој се играше во Севиља.

Шпанија во 25. минута преку Мората прва стигна до водство од 1:0. На стартот од вториот дел Левандовски ја стресе мрежата на „црвената фурија“ за израмнување.

Четири минути подоцна, односно во 58. минута беше покажано на белата точка за Шпанија, а Морено не успеа да го реализира пеналот. На крајот и двете селекции особено Шпанија мораше да се задоволи само со бод.

Многу работи во групата Е ќе се решаваат во последното, односно третото коло, каде Шпанија ќе игра против Словачка без право на грешка.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!