ЕУРО 2020Фудбал

ВИДЕО: Шпанија е во полуфиналето на Европското првенство, Швајцарија промаши три пенали!

Фудбалската репрезентација на Шпанија е првиот полуфиналист на Европското првенство. „Црвената фурија“ ја елиминираше Швајцарија на „Гаспром арена“ по подобро изведување на пенали. По 1:1 во регуларното време и дополнителните 30 минути започнаа пеналите, каде Шпанците се справија подобро и победија со 1:3 по изведувањето пенали.

Екипата на Луис Енрике поведе во 8-та минута кога обидот на Жорди Алба се одби од Закарија и топката заврши во мрежата на Швајцарија. Во 68. минута Швајцарија дојде до израмнување кога погоди Џердан Шаќири. Само девет минути подоцна, Ремо Фројлер заработи црвен картон и тимот предводен од Владимир Петковиќ беше принуден да се брани. Во пенал-рулетот Шпанците подобро се снајдоа во изведувањето пенали.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!