ЕУРО 2020Фудбал

ВИДЕО: Шок во италијанската репрезентација, се повреди клучниот фудбалер!

Голем шок за селекторот на италијанската репрезентација, Роберт Манчини, на само еден ден пред почетокот на шампионатот на Стариот континент и премиерниот натпревар против Турција, кој ќе се одигра во петок во 21 часот на римски „Олимпико“.

Лоренцо Пелегрини поради повреда на бутот мораше да се повлече од репрезентацијата, а за него Европското првенство заврши уште пред да започне. Селекторот Манчини чекаше до последниот момент за извештајот на медицинскиот тим од стручниот штаб, а кога пристигна потврдата дека заздравувањето на Пелегрини нема да биде брзо, следеше реакција.

Играчот за врска на Фиорентина, Гаетано Кастровили е во состојба на готовност од вчера, а кога стана јасно дека нема да има ништо од учеството на Пелегрини, Манчини го повика Кастровили итно да се приклучи на националниот тим.

Италија е еден од главните фаворити за освојувањето на титулата европски првак.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!