ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

ВИДЕО: Шкендија се раздели со Алими

Актуелниот шампион во Првата фудбалска лига Шкендија се раздели со играчот од среден ред Арменд Алими.

Откако си замина Бесарт Ибраими од Тетово заминува и Алими кој беше долгогодишен капитен и клучен играч во Шкендија. Од шампионот на Македонија информираат дека спогодбено е раскината соработката која започна во 2014 година.

За екипата на Шкендија 34-годишникот постигна 45 погодоци и запиша голем број на асистенции, а во својата кариера има настапувано и за екипите на Ермис, Еребро, Неа Саламис, Истра 1961, Милано Куманово и Башкими.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!