ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА
ВИДЕО: Шкендија ремизираше со украинска Зорија

Македонскиот прволигаш Шкендија денес го одигра првиот контролен натпревар во Анталија против украинска Зорија со реми од 1:1.
Тетовци први дојдоа до водство во 13. минута со голот на Дориев, додека конечните 1:1 ги постави Комченовски во 28. минута од натпреварот.
Избраниците на Ѓока ќе одиграат контролни натпревари и со Десна од Украина на 30. јануари, Каисар од Казахстан на 3. февуари и на крај ќе имаат квалитетен тест со Динамо Киев од Украина закажан за 7. февруари.