Европски ФудбалФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

ВИДЕО: Шкендија го загуби првиот меч со Мура во Скопје

Македонскиот шампион Шкендија со пораз ја отвори новата сезона, откако денес во Скопје со минимални 0:1 загуби од Мура на Националната арена „Тодор Проески“, во рамки на првото квалификациско коло за Лигата на шампионите.

Шкендија не одигра на ниво, а пропушти можност за реми откако Ибраими не реализираше погодок.

Резултатот беше отворен во 28. минута со гол на Лука Бобичанец кој успешно реализираше за 0:1 и водство на гостите од Словенија.

Во 45. минута беше досуден пенал за Шкендија, а одговорноста ја презеде Бесарт Ибраими кој не успеа да реализира од белат точка, откако неговиот шут заврши покрај голот.

Шампионот на Словенија со минимална предост од 1:0 за седум дена ќе ја пречека Шкендија.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!