Европски ФудбалФудбал

ВИДЕО: Сепак, Нејмар е главниот: Ништо од десетката, Меси се враќа на 30

Аргентинскиот напаѓач Лионел Меси ќе го носи дресот со број 30 во Пари Сен Жермен, бидејќи „десетката“ веќе му припаѓа на Нејмар.

Меси имаше ист број на почетокот на кариерата во Барселона. По две сезони, зеде 19, а откако Роналдињо си замина во 2008 година, доби 10 и го носеше постојано.

Пристигнувајќи во клубот каде првата ѕвезда ја носи „првата десетка“, мораше да најде ново решение. Останува само прашањето дали тоа беше неговата првобитна желба, или едноставно Нејмар не сакаше да се откаже од својот број.

Иако првично беше објавено дека Лео ќе го носи дресот со број 19, сепак беше одлучено да има 30 на грбот.

„Возбуден сум за ново поглавје во мојата кариера. Знам колку талентиран тим и тренер има овој клуб. Посветен сум да направам нешто посебно за клубот и навивачите, со нетрпение очекувам да играм на „Паркот на принцовите“, истакна 34-годишниот фудбалер во изјавата по пристигнувањето во Париз.

Официјалната промоција на еден од најдобрите играчи на сите времиња на „Паркот на принцот“ е закажана за денес во 11 часот.

Да потсетиме, шесткратниот освојувач на Златната топка за првпат во кариерата ќе игра за друг клуб освен Барселона. Порасна во Каталонија и помина вкупно 21 година.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!