Европски ФудбалФудбал

ВИДЕО: Сараево го промовираше Аврамовски како големо засилување!

Македонскиот репрезентативец Даниел Аврамовски и официјално е нов играч на Сараево од Босна и Херцеговина. Тој во новиот клуб пристигна како слободен играч, а последно настапуваше во дресот на Кајзериспор во Турција.

26-годишникот потпиша двегодишен договор и повторно ќе соработува со Александар Васоски кој е нов тренер на Сараево, а пристигна од Академија Пандев.

„Првите впечатоци се многу позитивни. Се сретнав со сите играчи, тренери и членови на лекарскиот тим. Се надевам дека овој период на адаптација во новиот клуб ќе помине брзо, но момците се сите тука за мене и верувам дека ќе имаме добра соработка на теренот и надвор од него. Зошто Сараево? Уживав во соработката со тренерот Васоски во Вардар, а проектот на клубот што ми беше претставен покажува сериозност и долгорочност. Тоа го потврдуваат и потезите во овој преоден рок. Многу од моите поранешни соиграчи се денес во Сараево. Добро ги познавам Суљиќ, Кобиљар, Лазиќ и Велкоски и информациите што ги имам за ФК Сараево велат дека тоа е голем клуб со фантастични навивачи“, рече Аврамовски.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!