ЕУРО 2020Фудбал

ВИДЕО: Роналдо ја сруши храбрата Унгарија, Португалија со победа го стартува ЕП

Фудбалерите на Португалија со победа го стартуваа Европското првенство и одбраната на титулата, откако со 0:3 ја срушија храбрата Унгарија на „Пушкаш Арена“ пред речиси 70.000 луѓе.

Долго време немаше голови, а Португалија во финишот постигна дури три, и така, Португалците успеаја да прокнижат три бода во рамки на првото коло од групата Ф.

Првиот гол падна дури во 84. минута, стрелец беше Рафаел Гереро. Само две минути подоцна, Орбан направи пенал, а Кристијано Роналдо реализираше за 0:2. Иако веќе победникот беше решен, португалската ѕвезда успеа да постигнe и втор гол, откако во 92. минута лесно го матира Гулашчи за конечни 0:3.

Поврзани Наслови

Следен Наслов:
Close
Back to top button
error: Текстот е заштитен !!