Европски ФудбалФудбал

(ВИДЕО) Роналдо и Сер Алекс повторно заедно: Фергусон ми е како татко

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо и легендарниот менаџер на „црвените ѓаволи“, Сер Алекс Фергусон разговараа заедно за клупската телевизија.

Познато е дека Португалецот немал блиски односи со својот татко, кој бил пијаница и рано ја оставил мајката на Кристијанo.

Роналдо во Англија пристигна на многу млада возраст и секогаш истакнува дека Фергусон бил како негов татко.

„Замислете, имате 18 години, доаѓате од Спортинг Лисабон и играте со ѕвезди како Гигс, Сколс, Кин, Солшер. Бев малку нервозен, но Фергусон многу ми помогна во тој период да се поврзам со други играчи. Се сеќавам дека од време на време ме повикуваше во неговата канцеларија и дека првично комунициравме преку преведувач. Не беше проблем. Главната работа беше она што ми го кажа Фергусон, тој ми помогна да пораснам и фудбалски и како личност. Тој ми помогна од првиот ден и направи се што рече. Секогаш велам дека Фергусон ми е како татко во фудбалот“, изјави Кристијано Роналдо во заедничкото интервју со Алекс Фергусон за ТВ Манчестер Јунајтед.

Фергусон и Кристијано работеа заедно од 2003 до 2009 година кога Португалецот се пресели во Реал Мадрид.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!