РакометРакомет - Суперлига
ВИДЕО: Реми на контролката меѓу Еурофарм Пелистер 2 и Тиквеш

Денес ракометните суперлигаш Еурофарм Пелистер 2 и Тиквеш одиграа контролен натпревар во Битола, кој заврши без победник со резултат од 25:25.
Избраниците на Андоновски имаа солидна предност, но младите битолчани ја стопија предноста до крајот на натпреварот и истиот заврши без победник.
Екипата од Кавадарци ќе одигра контролен натпревар против Пролет, додека Еурофарм Пелистер 2 ќе тестира со Струга.