Европски ФудбалФудбал

ВИДЕО: Раниери сака да стане рекордер во Премиер лигата!

Италијанскиот тренер Клаудио Раниери со нетрпение ја очекува својата работа во Ватфорд и неговото враќање во Премиер лигата, и истакнува дека би можел да стане најстариот менаџер во историјата на тоа натпреварување.

Рекордот засега го држи Рој Хоџсон на 73 години и 10 месеци. Раниери ќе наполни „само“ 70 на 20 октомври, така што стигнувањето до поранешниот менаџер на Кристал Палас нема да биде лесна задача.

И покрај тоа, искусниот Италијанец не се откажува однапред.

“Зошто да не ? Се чувствувам многу млад, не ми е грижа за годините. Фудбалот е мојот живот, јас сепак негувам посебна емоција кон играта. Работам со иста енергија. Ќе ја работам оваа работа се додека е така“, изјави Раниери, кој претходно ги водеше Челзи, Лестер и Фулам на Островот.

Освојувачот на сензационалната титула во Премиер лигата со Лестер во 2016 година ќе дебитира во новиот клуб в сабота кога Ватфорд го пречекува Ливерпул.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!