РакометРакомет - Суперлига

ВИДЕО: Радовиш со златна победа против КЛ7 среде Скопје

Ракометарите на Радовиш запишаа златна победа во Скопје, откако со 23:24 славеа над Голден Арт КЛ7 во претпоследното коло од плеј-аутот на Супер лигата. Многу важна и многу значајна победа за радовишани во борбата за опстанок во елитата.

КЛ7 на стартот од натпреварот поведе со 2:0, по што Радовиш на искуство брзо го израмни резултатот на 4:4, а по неколку минути игра поведе и на полувреме имаше 11:13. На стартот од вториот дел Радовиш одлепи на четири разлика, по што ракометарите на КЛ7 се вратија во игра откако резултатот беше 16:17.

Целиот натпревар КЛ7 – Радовиш:

Во клучни моменти голманот на Радовиш, Славјан Паунов ја спушташе ролетната и недозволуваше гостите да се вратат резултатски. Во последните пет минути од натпреварот радовишани имаа три разлика предност, а резултатот на семафорот беше 20:23.

Во последните две минути од натпреварот КЛ7 имаше сили само да го ублажи поразот на конечните 23:24.

Ѓоргиев со шест, а Симоноски и Гајиќ постигнаа по четири голови. Кај Радовиш најдобар беше Стојановски со осум гола, а шест постигна Ивица Илиев.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!