РакометРакомет - Суперлига

ВИДЕО: Радовиш го прегази Шампион и следната сезона ќе игра во Супер лигата

Ракометарите на Радовиш со убедливи 37:20 го добија баражот против Шампион и во следната сезона ќе бидат дел од најсилното ракометно натпреварување во Македонија – Супер лигата.

Уште од самиот старт на натпреварот кој се одигра во Неготино, ракометарите на Радовиш покажаа далеку поголем квалитет и во ниту еден момент не му дозволија на противникот да се доближи резултатски и да се врати во игра.

Тренерот Андон Бошковски откако го презеде Радовиш буквално го прероди тимот и редеше само победи до крајот на сезоната, а на крај сосема заслужено радовишани и следната сезона ќе се натпреваруваат во Супер лигата.

Целиот натпревар Радовиш – Шампион:

Првиот дел од натпреварот заврши со 16:6, а во вториот дел од натпреварот Радовиш без мака и формално ги одигра 30-те минути.

Најефикасен во редовите на Радовиш беше Лојаничиќ со девет, додека Кристијан Ристов постигна седум гола, кај Шампион со пет погодоци најдобар беше Кочаров.

Reklama

Поврзани Наслови

Следен Наслов:
Close
Back to top button
error: Текстот е заштитен !!