Европски ФудбалФудбал

ВИДЕО: Прво засилување на Севилја: Дмитровиќ потпиша четиригодишен договор

Српскиот голман Марко Дмитровиќ кариерата ќе ја продолжи во Севилја, потврди во неделата шпанскиот клуб.

Според најавата, искусниот чувар на мрежата потпиша четиригодишен договор и со тоа стана првото засилување на Севилја ова лето.

29-годишниот фудбалер пристигна во Севилја како слободен агент, откако неговиот договор со Еибар истече на последниот ден од јуни.

Официјалното претставување ќе се одржи во понеделник на стадионот „Рамон Санчез Пизхуан“.

Дмитровиќ ја започна својата кариера во Црвена Звезда, а потоа стигна до Еибар преку Ујпешт, Чарлтон и Алкоркон. Во текот на четири сезони во Еибар, тој одигра 131 натпревар и постигна еден гол – против Атлетико Мадрид во јануари оваа година.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!