Европски ФудбалФудбал

ВИДЕО: Првиот ден на Џеко во Интер: Прегледи, а потоа одење на тренинг

Един Џеко денес го завршува трансферот во Интер. Босанскиот фудбалер ќе биде замена за Ромелу Лукаку, кој се сели во Челзи, во дресот на „нероаѕурите“.

Интер веќе се подготвува за живот без најдобриот голгетер Ромелу Лукаку. Се очекува и заминување на Лаутар Мартинез, а човекот кој ќе биде замена во налетот на италијанскиот шампион е веќе таму. Един Џеко во денес полета од Рим за Милано и ќе потпише договор со овој клуб.

По лекарските прегледи, тој ќе отиде во управата на Интер со сопругата Амра Силајџиќ и агентот Алесандро Лучи, а потоа и во Апиано во тренинг центарот. Таму треба да ги запознае нови соиграчи и тренер Симоне Инзаги.

Според „Газета“, тој ќе заработи шест милиони евра за две сезони во Милано.

Един е во Рома од 2016 година. Во првата сезона, тој блескаше со дури 29 гола во италијанската лига, а во само уште две имаше двоцифрен учинок кога е во прашање бројот на голови. Во неодамна завршенената сезона постигна седум гола во Серија А.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!